„Нашата војска не учествува во специјалната воена операција“, кажа Лукашенко, тврдејќи дека во Украина не се случува инвазија, туку само „демилитаризација“.
Рускиот претседател Владимир Путин соопшти рано утринава дека ќе почне специјална воена операција, за да ја демилитаризира Украина.
Во меѓувреме, украинските власти тврдат дека најмалку осум луѓе загинале, додека „околу 50 руски окупатори“ се исфрлени од Украина.