Белорускиот претседател

Лукашенко: Мораме да работиме, повеќе луѓе ќе умрат од глад отколку од коронавирусот

Белорускиот претседател Александр Лукашенко денес ја отфрли светската загриженост околу пандемијата на коронавирусот и го советуваше луѓето да продолжат да работат за да ја јакнат економијата.

„Повеќе луѓе ќе умрат од невработеност и глад отколку од коронавирусот“, кажа Лукашенко на состанок во престолнината Минск.

Лукашенко ја предводи поранешната советска република повеќе од четврт век, а на изборите за неколку месеци ќе бара шести мандат на местото претседател.

Тој тврди дека нема потреба од одложување на изборите во август.

„Најголемиот проблем е економијата“, предупреди белорускиот претседател. „Мораме да работиме и да избегаме од оваа криза“.

Светската економија е погодена од падот на трговијата бидејќи мерките за карантин ја примораа работната сила на домашна изолација.

Најблискиот белоруски сојузник Русија, за разлика од Минск, прогласи вонредна состојба и воведе мерки на карантин во отприлика половина руски региони.

Во Русија во минатите недела бројот на заразените порасна на 2.300, додека во Белорусија официјално има само 150 случаи.

Владата во Минск во понеделникот објави дека спровела околу 30.000 тестови. Самиот Лукашенко претходно загриженоста околу вирусот ја нарече „психоза“.

На минатонеделен натпревар во хокеј тој самоувреено кажа: „Тука нема вирус. Тука е како во фрижидер. Тоа е најдобро за здравјето“. На граѓаните им порача да пијат вотка и да одат во сауни, и со работа да се борат против вирусот.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе