Лукашенко: Мора да го зајакнеме воениот сојуз, Русија не може сама да се бори против НАТО

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, поради веројатниот пристап на Шведска и Финска во НАТО, повика на зајакнување на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ЦСТО), воена алијанса предводена од Русија што настана како противтежа на НАТО.

Фото: ЕПА

„ЦСТО мора да го консолидира својот статус во меѓународниот систем за контрола и поделба на власта“, рече Лукашенко на состанокот на организацијата во Москва, пренесе белоруската новинска агенција Белта.

Русија не може сама да се бори против проширувањето на НАТО, додаде тој.

Лукашенко, кој често се нарекува „последниот диктатор на Европа“, ја оправдува руската инвазија на Украина со трупањето на силите на НАТО во Источна Европа. Заедно со Русија и Украина во ЦСТО се и бившите советски републики Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, но ниедна од членките не испрати свои војници за да ѝ помогне на Русија.

Меѓутоа, бидејќи инвазијата почна и од територијата на Белорусија, Западот освен кон Москва воведе санкции и кон Минск. Белоруската влада во неделата објави дека поради воведените санкции државата загубила меѓу 16 и 18 милијарди долари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе