Лукашенко: Ќе има други претседатели, но бидете трпеливи

Александар Лукашенко изјави дека Белорусија би требало да има други претседатели во иднина, а на граѓаните им порача да се стрпат и да причекаат народно единство.

EPA-EFE

„Ќе има други претседатели, ви гарантирам. А тогаш ќе можете да правите споредби и да разберете сè. Засега бидете трпеливи“, порача Лукашенко.

Тој додаде и дека „светот полудел“ и ги замоли граѓаните да бидат поблиски едни со други.

„Мораме да го преживееме ова. Светот полуде. Луѓето се изгубија. Ова е погрешен момент за преминување во крајност. Поради тоа оваа година ја прогласив за година на народното единство“, кажа Лукашенко и изрази надеж дека Белорусија ќе остане единствена.

Претседателските избори во Белорусија беа одржани на 9 август минатата година и на нив Лукашенко освои 80,1 отсто од гласовите, додека опозиционерката Светлана Тихановскаја освои 10,12 отсто, но одби да ги признае изборните резултати.

По изборите беа организирани масовни протести против Лукашенко, а властите тврдат дека демонстрациите се организирани од странство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе