Лукашенко ја задржа апсолутната власт по изборите во Белорусија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја задржа апсолутната власт по резултатите објавени денес кои покажуваат дека ниеден опозициски кандидат не освои место во парламентот на изборите одржани за време на викендот.

Лукашенко поранешната советска држава ја води со железна рака четврт век и планира да ја продолжи својата власт по следната година, објавувајќи дека ќе се кандидира и на претседателските избори во 2020 година.

65-годишниот претседател ѝ даде повеќе слободен простор на опозицијата и ги ослободи политичките затвореници во изминатите години во обид да ги поправи врските со Западот по спорот со традиционалниот сојузник Москва.

Но, официјалните податоци покажуваат дека, со излезност од 77 отсто, ниту еден опозициски политичар не освоил пратеничко место. На последните избори во 2016 двајца опозициски пратеници освоија места за првпат во 20 години, но на ним не им беше дозволено да се кандидираат овој пат.

Лукашенко порача дека белорускиот народ, доколку повеќе не го сака, може следната година да изгласа тој повеќе да не биде претседател.

„Ветив дека нема да ја држам таа функција додека не ми помодрат прстите. Верувајте ми, тоа не е најмеката фотеља“, им кажа на новинарите.

Лукашенко ја искористи приликата да ѝ се закани на Русија со повлекување на потписот од интеграцискиот договор следниот месец доколку Москва не го реши спорот со енергетските субвенции.

Имаше и протести во кои учествуваа 300 до 400 луѓе во подготовките на изборите за кои опозицијата тврди дека резултатот се знаел однапред.

„Резултатот беше однапред одреден. Властите ги избраа опозициските кандидати. Промената на власта во Белорусија не е можна преку избори“, вечи Николај Статкевич, водечка опозициска фигура, за Ројтерс.

Во септември САД и Белорусија се договорија да ги продолжат диплоамтските односи за првпат по 2008.

Вашингтон сигнализираше дека би можел да ги намали санкциите против Минск, во зависност од тоа како ќе бидат спроведени парламентарните и претседателските избори во 2020.

Санкциите на САД и ЕУ кои ѝ беа наметнати на Белорусија поради нејзиниот третман на политичките неистомисленици главно беа укинати во 2016 по ослободувањето на политичките затвореници и останатите реформи.

Меѓутоа, односите со Русија се влошија откако Минск одби да ја признае руската анексија на црноморскот Кримски Полуостров во 2014.

Москва ѝ ги укина субвенциите на Белорусија кои земјата од 9,5 милиони луѓе долго ја држеа во руската орбита.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе