Лукашенко ја обвини Русија дека лаже, тврди дека неименувани сили сакаат револуција

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја обвини Русија дека лаже за присуството на припадници на руски приватни безбедносни агенции, додавајќи дека неименувани сили се обидуваат да извршат револуција, но дека во тоа нема да успеат, јави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, очекува во недела да биде реизбран за белоруски претседател, додека истовремено се соочува со најголемиот предизвик во последните години со оглед на гневот на јавноста за неговото управување со коронакризата, како и резултатите во економијата и во областа на човековите права.

Белорусија минатата недела уапси група руски платеници и против нив започна кривична постапка поради „подготвување терористички дела“.

Властите во Минск велат дека тие би можеле да бидат поврзани со политичките ривали на Лукашенко.

Русија, традиционално близок сојузник на Белорусија, соопшти дека приведените Руси само поминувале низ Белорусија на пат кон трета земја и дека немале намера да влијаат врз домашната политика на Белорусија.

Во своето обраќање пред нацијата денес, Лукашенко рече дека тие тврдења се лаги и рече дека приведените Руси признале сè. „Наредено им било да влезат во Белорусија и да чекаат понатамошни упатства“, рече Лукашенко. Москва веднаш не реагирала.

Лукашенко го искористи својот говор за да се претстави себеси како гарант за стабилноста во хаотичниот свет и вети дека ќе ја заштити својата земја од ривалите кои ги нарече „детинести насилници“ кои како „кукли на конец“ се контролирани од странски сили.

Актуелниот претседател, кој се кандидира за шести претседателски мандат, ги отфрли повиците на своите противници да се вратат на претходна верзија на уставот според кој поединец може да биде претседател најмногу два мандата.

Денес во Белорусија, земја со околу 9,5 милиони жители, на повеќе од 5.500 избирачки места започна предвремено гласање на претседателските избори кои се оддржуваат во недела.

Неговата главна противничка на изборите, Светлана Тихановска, ги повика гласачите да го бојкотираат ваквото гласање, тврдејќи дека тоа е еден од начините властите да ги наместат изборните резултати во своја полза.

Западните набљудувачи не очекуваат изборите да бидат фер и слободни.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе