Ако Москва не понуди компензација за зголемените цени на гориво

Лукашенко ѝ се закани на Русија: Би можеле да го изгубите единствениот вистински сојузник на Запад

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес ја предупреди Русија дека би можела да го изгуби својот сојузник доколку не понуди компензација за зголемените цени на нафтата.

Москва и Минск се во енергетски спор коj ги расипа блиските односи на двата соседи и сојузници.

Лукашенко наведе дека руското одбивање на компензација би можело да доведе до „губење на единствениот сојузник на Запад“, пренесе Еј-би-си њуз.

Белорускиот лидер, кој со својата земја владее речиси 25 години, се потпираше на заеми и евтина енергија од Русија.

Белорусија извезуваше евтини производи благодарение на евтината руска нафта, а Минск поради одлуката на Москва да ја зголеми цената на суровата нафта би можел да изгуби милијарди долари приход.

Лукашенко на службениците им нареди да најдат алтернативни извори на приход.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе