Лукашенко ги забрани сите поскапувања

Белорускиот лидер Александар Лукашенко со декрет ги забрани зголемувањата на цените во својата земја.

EPA-EFE

„Од 6 октомври е забрането секое поскапување. Забрането е!“, кажа тој на денешниот состанок на владата, пренесува државната новинска агенција Белта.

„Не од утре, туку од денес“, додаде белорускиот претседател.

Целта на таа наредба е да се обезбеди никој да не може да го искористи рокот за кревање на цените, кажа 68-годишниот Лукашенко.

Оние кои ќе го прекршат декретот „веднаш ќе бидат уапсени и ќе бидат кривично гонети“, кажа тој.

Лукашенко не ја исклучи целосно можноста во иднина да има поскапувања во некои области, ако бидат официјално одобрени.

Според државната канцеларија за статистика, инфлацијата во Белорусија во август изнесувала 17,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година.

Особено скокнале цените на храната. Според предвидувањата на белоруските економски експерти, стапката на инфлација до крајот на годината би можела да порасне и до 19 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе