„На оние кои сакаат да си одат дома, ќе им помогнеме во тоа“, рече Лукашенко за време на посетата на импровизираниот мигрантски камп. „Но, нема да ве тераме. Тоа не е во ред.“
Лукашенко истакна дека нема да си игра со нивната судбина. „Ако сакате да одите на Запад, нема да ве приведуваме, да ве гушиме, да ве тепаме“, рече тој. „Тоа зависи од вас. Одете преку. Одете“.
Тој предупреди дека мигрантската криза, доколку не се реши сега, ќе стане уште поголема.
За време на првата посета на границата од почетокот на кризата, Лукашенко ги посети луѓето кои им обезбедуваат храна на мигрантите и разговараше со персоналот на Црвениот крст во кампот.
Тој ги критикуваше соседите на Белорусија. „Ќе направиме сè што сакате, дури и ако тоа е лошо за Полјаците и Летонците“, рече тој.
„Во никој случај нема да ве приведуваме, да ви ги врзуваме рацете и да ве качуваме во авиони за да ве вратиме дома ако не сакате“.
Белорусија почна да враќа некои мигранти дома, но сè уште чека одговор од ЕУ дали ќе прими 2.000 луѓе кои чекаат на границата.
Во понеделникот тој рече дека ќе побара од Германија да ги прими, предупредувајќи дека ЕУ не контактирала со Минск за тоа.