Лукашенко ги отфрли гласините дека Белорусија ќе се обедини со Русија

Белорускиот претседател Александар Лукашенко негираше дека неговата земја би можела да се обедини со Русија.

„Никогаш не сме барале и никогаш нема да бараме да станеме дел од некоја земја, па дури ни братска Русија“, рече Лукашенко во говорот чии извадоци ги пренесе државната новинска агенција БеИТА.

Во медиумските извештаи се сугерирало дека Белорусија би можела да се обедини со соседна Русија и да формира нова земја која на рускиот претседател Владимир Путин би му овозможила да продолжи да биде претседател дури и по истекот на мандатот во 2024 година.

Минатата недела, амбасадорот на Белорусија во Русија, Владимир Семашко во интервју за белоруски новински портал (Tut.by) изјави дека двете земји имаат намера да формираат заедничка владејачка структура.

Планот би можел да биде продолжение на договорот за „сојуз“ на двете поранешни советски земји што стапи на сила пред две децении, рече амбасадорот.

Белорусија и Русија веќе имаат релативно отворена граница и заедничка трговска зона.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе