„Народот, општеството, сака промени и тие се фатија за претседателот и неговите надлежности. Излез од тоа се промени на уставот“, кажа Лукашенко.
„Неодамна се сложив со раководството на парламентот за пренесување 70-80 отсто од надлежностите на претседателот на парламентот, владата и други структури, не е потребно да се менува целиот устав“, додаде тој.
Белорускиот претседател предложи нов механизам на работа, при кој владата ќе ги пишува законите, парламентот ќе ги разгледува и донесува, а потоа ќе му ги поднесува на претседателот на потпис.
„Затоа кажав дека сум спремен да ве слушам, но вие ќе ја донесете одлуката“, кажа Лукашенко.
Масовните протести на опозицијата почнаа во Белорусија на 9 август, по претседателските избори на кои победата ја однесе Лукашенко со 80 отсто од гласовите. Опозицијата не ги призна резултатите на изборите и смета дека победила Светлана Тихановскаја.