Лукашенко: Доволно е обично чкорче и планетата ќе експлодира

Белорускиот лидер Александар Лукашенко во предизборното обраќање порача дека планетата лизга кон пропаст и дека би можела да експлодира во секој момент.

EPA-EFE

„Нашата планета постепено, но сигурно, лизга во пропаст. Изгледа дека е доволно да се запали онично чкорче и планетата ќе експлодира“, порача Лукашенко.

Тој истакна дека е „најлошо што меѓународно-правните и мултилатералните политички инструменти на регулирање, со кои толку се гордееле за време на Студената војна, всушност станале анахронизми, кои никој не ги зема предвид“.

„За жал, се утврди дека светските владејачки елити не се во состојба да развија нови инструменти“, кажа Лукашенко.

Белорускиот лидер истакна дека светот станува сѐ понестабилен и понепредвидлив.

„Основните неосгласувања меѓу државите и сојузите насобрани во изминатите децении преминуваат во критична фаза на конфликтот. Во последно време ниеден од најважните меѓународни проблеми не бил решен“, истакна Лукашенко во обраќањето до народот и парламентот.

Според него, интеграциските структури во светот минуваат низ системска криза, а некои всушност и исчезнале и постојат само на хартија.

„Целиот свет потона во хаосот на трговските војни, националниот протекционизам, политичките и информациски конфликти. Интеграциските структури во светот минуваат низ системска криза, а некои всушност исчезнаа и постојат само на хартија. Најмоќниот показател на тој процес во ЕУ е брегзитот, како и сѐ поголемите несогласувања меѓу старата и новата Европа во сојузот. Растат тензиите во воената сфера, што доведува до нова рунда на трката во вооружување“, заклучи Лукашенко.

Во Белорусија денес (4 август) почнува предвременото гласање на изборите за претседател на државата и ќе трае до 8 август. Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат на 9 август. За највисоката државна функција се кандидираа петмина кандидати. Лукашенко се кандидира за шести последователен мандат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе