среда, 8 мај 2024

ДИК: Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ

Од досега обработени податоци од 21,17% избирачки места и 16,18 отсто од излезените гласачи, ДИК објави дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија речиси тројно водат со 47.196 гласови пред СДСМ кои освоиле 15.908 (11,19%). Или ВМРО-ДПМНЕ води на парламентарните избори во пет од шестте изборни единици, додека во шестката води Европскиот фронт на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата Европски фронт на ДУИ освоила 33.284 гласови (23,41%), Левица освоила 7.228 гласови (5,08%), додека коалицијата Вреди освоила 27.792 гласови, односно 19,55%, а движењето ЗНАМ 5.164 гласови, односно 3,63%.

Коалицијата Храбро за Македонија на ГРОМ освоила 408 гласови, односно 0,29%, Единствена Македонија 150 гласа, а Нова Алтернатива 359 гласа.

Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња засега изнесува 3.494.

Еве како е односот и од вториот круг од претседателските избори:

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ