Лукашенко: Белорусија сама ќе земе нафта од рускиот нафтовод ако треба

Белорусија ќе почне да зема нафта од транзитниот нафтовод Дружба ако Русија не ја снабди со потребното количество сирова нафта, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Белорусија и Русија, големите светски извознички на нафта, не успеаја да се договорат за условите за снабдување со нафта за 2020 година.

Доставувањето руска сирова нафта кон соседот значително се намали по 1 јануари, поради што Минск е приморан горивото да го бара на друго место.

Белорускиот претседател Лукашенко кажа дека рафинериите во Белорусија примиле 500.000 тони руска нафта во јануари, помалку од планираните два милион и тони.

„Ако Русија не нѐ снабди со потребното количество, ќе почнеме да земаме од транзитниот нафтовод“, кажа тој.

Нафтоводот Дружба, кој минува низ белоруската територија, ја снабдува Европа, вклучувајќи ги Полска и Германија, со околу милион барели руска нафта.

Лукашенко кажа дека Белорусија е во преговори со Полска да ѝ се доставува американска и саудиска нафта преку нафтоводот од Гдањск.

Спорот околу нафтата е дел од поширокиот спор на Москва и Минск околу воспоставување единствена држава, за што првичните планови беа објавени во 1990-тите.

Минск е многу внимателен околу потенцијалното спојување со Русија плашејќи се од руска доминација.

Лукашенко денес истакна дека ќе се бори Белорусија да остане суверена и независна.

Тој претходно денес кажа дека Москва сугерирала дека со Минск би ги договорила цените за енергенсите во замена за белоруско приклучува на Русија во обединета држава.

Лукашенко се сретна со рускиот колега Владимир Путин минатата недела, но не успеаја да постигнат нафтен договор за 2020 година.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе