Лукашенко: Белорусија е секогаш со Русија, нашиот сојуз е поцврст од НАТО

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија била и ќе биде со Русија и дека нивниот сојуз е поцврст од НАТО.

EPA-EFE

„Не нè обвинувајте за учествување во агресија или нешто трето. Бевме, сме и ќе бидеме со нашата Русија. Нашиот сојуз со Русија е поцврст отколку тој на НАТО блокот. Што друго очекувате од нас? Покрај тоа кажуваме дека нема да се бориме во Украина. Да соработуваме мирољубиво“, кажа белорускиот лидер пред амбасадорите на странските земји.

Според Лукашенко, Украина не може да ја обвини Белорусија за ништо.

„Ние не го почнавме конфликтот со Украина. Тие беа тие што го затворија својот воздушен простор за нашите авиони и прогласија економска блокада на Белорусија пред Западот и САД тоа да го направат“, кажа Лукашенко.

Претседателот на Белорусија додаде дека неговата земја секогаш ги исполнувала своите обврски кон Русија, но дека не била вмешана во оружениот судир во Украина, пренесува ТАСС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе