Не кажа кои држави се наводно вмешани

Лукашенко апси „шпиони“ по фабриките

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко кажа дека некои вработени во државните фабрики тајно работеле за Западот против неговата влада, откако активисти за заштита на човековите права објавија дека во една фабрика се уапсени 14 лица.

EPA-EFE

Фабриката за производство на вештачко ѓубре Гродно Азот е мета на санкциите на Западот наметнати како одговор на насилната офанзива на Лукашенко против учесниците на масовните протести кои избија по спорните избори минатата година. Таа фабрика беше и едно од местата од каде почнаа демонстрациите, пишува Ројтерс.

Лукашенко не ја спомна фабриката и не навлезе во детали, но кажа дека вработени во државна фирма проследувале информации за тоа како владата ги поништува последиците од санкциите. Претседателот на Белорусија не кажа кои западни државни наводно се вмешани во шпионирањето.

„Имам информации дека има уште такво злосторници, а си поставиле цел да го известуваат Западот за тоа како Петр Пакомичик (министерот за индустрија) и Јури Назаров (заменик премиерот) се обидуваат да ги заобиколат санкциите“, кажа тој.

„Тие всушност шпионираат и ги проследуваат информациите“.

Оние кои се фатени дека шпионираат за Западот против владата треба да бидат казнети, кажа Лукашенко и додаде дека шпионите во фабриките „се луѓе кои намерно ѝ нанесуваат штета на нашата економија, како и на нашата држава, и за тоа ги плаќаат западните разузнавачки служби“.

Властите не ги коментираа директно апсењата во фабриката кои ги пријави Вјасна 96, групата за заштита на човековите права, која тврди дека вработените се во истражен затвор со кој управува тајната служба КГБ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе