„Потребно им е да ја задушат Русија во крв. Уште еднаш повторувам: Ако Русија пропадне, нема ни да забележиме каде ќе завршиме. Едноставно ќе нè прегазат. Како што јас кажувам – ќе нè сомелат меѓу мелнички камења и ќе нè исплукаат’, кажа Лукашенко, а пренесува РИА Новости.
Тој смета дека испраќањето на контингентот на ОДКБ дејствува „отрезнувачки“ врз организаторите и учесниците на протестите во Казахстан.
Во Казахстан од 2 јануари, по поскапувањето на горивата, траат протести кои прераснаа во судири со силите на редот во кои се убиени десетици и повредени околу илјада луѓе.
Белорусија испрати свои сили во Казахстан во рамки на мисијата на ОДКБ.