Лукашенко: Ако притреба, руската војска ќе дојде во Белорусија

Руски трупи би можеле да бидат распоредени во Белорусија ако се појават закани по сојузот на Русија и Белорусија, изјави претседателот на таа земја Александар Лукашенко.

EPA-EFE

Меѓутоа, како што истакна, нема потреба од таков потег.

„Ако тоа е неопходно за безбедноста на сојузот на Русија и Белорусија, кој го градиме, и ако е потребно за руската и белоруската безбедност да распоредиме оружени сили со сите видови вооружување, тие веднаш ќе бидат распоредени тука“, кажа Лукашенко, а пренесува руската агенција ТАСС.

„Сега нема потреба од ова и имаме прилично силни, консолидирани и компактни оружени сили“, кажа Лукашенко.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе