„Знаете што е заклучено со раководството и со руските власти? Ако падне Белорусија, следната ќе биде Русија“, рече Лукашенко, како што јави агенцијата РИА Новости по интервјуто што го даде за руските медиуми.
Лукашенко оцени дека без него „целиот систем ќе пропадне, а потоа и цела Белорусија“.
Масовните протести траат од спорните претседателски избори на 9 август, на кои Лукашенко беше избран по шести пат.