„Не може да ни биде полошо. Ако сакате да нè доведете до работ на провалијата, знаете дека на тоа ќе одговориме“, истакна Лукашенко, а пренесува РИА Новости.
Белорускиот претседател, зборувајќи за ситуацијата во регионот, кажа дека нема да биде полесно и дека Белорусија ќе мора да ги брани своите граници.
„Знаеме како тоа да го направиме и ќе го направиме“, истакна тој.
Лукашенко изјави денес дека на Белорусија не ѝ е потребна војна, но дека натаму ја туркаат Американците, и самите и преку Полска и Летонија.
„Носиме безбедност на регионот. Секогаш сме биле ценети поради тоа“, кажа белорускиот претседател.
Тој го постави прашањето зошто Белорусија ја претставуваат како „агресор“ и оцени дека обидите за притисок и закани од Соединетите Американски Држави го покажуваат „менторскиот тон“ на Вашингтон кон Минск.
„Буквално пред еден ден вниманието ми го привлече заканувачкиот став на американскиот Стејт департмент. Дојдоа кај нашите дипломати во Њујорк и ни се заканија: Ако им го дозволите тоа на Путин и Русија, тогаш ќе ви воведеме санкции. Ако го вратите нуклеарното оружје во Белорусија, ќе биде тоа и тоа“, кажа Лукашенко.
Односите на Белорусија и Западот нагло се влошија по претседателските избори во Белорусија во август 2020 година, на кои, според официјалните податоци, Лукашенко освои 80,1 отсто од гласовите.
Во Белорусија потоа се одржаа масовни протести на опозицијата, а властите повеќе пати изјавија дека протестите во земјата се координираат од странство. Лукашенко го обвини Западот за директно мешање во внатрешните работи на Белорусија.