Лукашенко: Ако ЕУ сака проблеми, ќе ги добие

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека Европската Унија, ако сака нови проблеми со воведување санкции на неговата земја, и ќе ги добие.

EPA-EFE

„Едноставно ќе кажам, за да ме разберете: ако Европејците сакаат проблеми дома поради овие санкции, тие и ќе ги добијат. Повеќе ништо нема да кажам. Времето ќе покаже. Само едно ве молам – дајте ми ги информациите за најкрупните европски проекти кај нас и претпријатијата кои се отворени на територијата на Белорусија. Да видиме што работат“, кажа белорускиот претседател.

Лукашенко праша и кому му се потребни санкциите и зошто.

„Ние ја штитиме државата. Ние, целиот народ, сакаме да живееме во својата земја. Ние ја браниме. И над, тогаш, за тоа нè удираат со санкции по глава? За тоа треба да одговараат“, кажа тој.

Белорускиот премиер Роман Головченко, по состанокот со Лукашенко, изјави дека одлуките за нови контрасанкции ќе бидат донесени во зависност од ситуацијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе