Луѓето со очила имаат трипати помалку шанси да се заразат со коронавирусот, вели студија

Луѓето што носат диоптерски очила имаат три пати помала веројатност да се заразат со коронавирусот од оние што не носат, од едноставна причина што поретко ги тријат очите, покажува помало индиско истражување спроведено на 304 лица на возраст од 10 до 80 години што пријавиле симптоми на вирусот.

Фото: ЕПА

Деветнаесет проценти од испитаниците рекле дека речиси постојано носат очила - најмалку осум часа на ден.

Студијата открила дека ризикот од инфекција со ковид-19 е приближно два до три пати помал кај населението што носи очила во споредба со оние што не ги носат, објави Сандеј телеграф.

Луѓето се навикнати да го допираат лицето во просек 23 пати на час, а очите во просек три пати на час, покажува индиското истражување.

Научниците што го спровеле велат дека долгорочната навика да се носат очила може да спречи повеќекратно допирање и триење на очите, а со тоа и потенцијално пренесување на вирусот.

Минатата година кинески експерти открија дека меѓу пациентите со ковид-19 од општата популација, има пет пати помалку луѓе со диоптерски очила.

Група научници од универзитетската болница во Нанчанг објаснија дека сметаат дека тоа е така затоа што рецепторите АЦЕ-2, на кои вирусот се закачува за да влезе во телото и да ги зарази човечките клетки, се наоѓаат во областа на очното јаболко.

Авторите на студијата сметаат дека очите се важен канал што овозможува продирање на вирусот САРС-КоВ-2 во организмот.

„Забележавме дека пациентите со ковид што подолго време секојдневно носеле диоптерски очила се релативно ретки, што може да биде прелиминарен доказ дека таквите лица се помалку подложни на инфекција со овој вирус“, напишаа авторите на студијата.

Тие посочија дека очилата кај луѓето што ги носат секојдневно во разни пригоди може да станат заштитен фактор што во нивниот случај ќе го намали ризикот од пренесување на вирусот преку очите и на крај можеби ќе ги поштеди од заразување со ковид.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе