Во ерата на ковид-19

Луѓето што не носат маска се бездушни, непријателски настроени лажговци, открива студија

Се покажа дека оние што не ги почитуваат мерките за ограничување на ширењето на ковид-19 се карактеризираат со „бесчувствителност, лажење, непријателство, импулсивност, неодговорност, манипулативност“, вели нова бразилска студија.

Фото: ЕПА

Научници во Бразил го поврзаа отпорот кон безбедносните мерки против ковид-19, како што е носењето маска, со асоцијални црти на личноста, пренесува британски Индипендент.

Нивната студија е прва од ваков вид во Латинска Америка, а биле испитани над 1.500 луѓе на возраст од 18 до 73 години.

Користејќи прашалник, научниците се обиделе да ја идентификуваат емоционалната реакција кај учесниците - нивниот импулс да дејствуваат според чувствата предизвикани од друга личност - и поставиле серија прашања за личноста во врска со тоа колку одредени изјави го претставуваат нивното однесување на скалило од карактерни црти.

Во истражувањето, исто така, биле поставени прашања за почитувањето на мерките за ограничување на ковид-19 во подолг период, како што е носењето маска.

Кога биле анализирани профилите, биле откриени два вида: профил на недруштвен, себичен тип, кој се противи на безбедносните мерки против ковид-19, и профил на сочувствителен тип, кој ги почитува.

Недруштвениот профил бил поврзан со повисоки оценки во прашањата на личноста поврзани со „бесчувствителност, лажење, непријателство, импулсивност, неодговорност, манипулативност и преземање ризици“, асоцијални одлики што, како што забележува студијата, „обично се присутни кај луѓе дијагностицирани со антисоцијално нарушување на личноста (АСПД)“. Оваа група исто така имала послаби резултати во емоционалната реакција.

Профилот на сочувствителниот тип имал повисоки оценки во емоционалната реакција и пониски оценки во карактеристиките поврзани со АСПД.

Тимот што ја спровел студијата вели дека се надеваат дека наодите ќе помогнат да се убедат здравствените власти да направат повеќе за да ги едуцираат луѓето и да влијаат на нивните ставови.

„Преку скрининзи што покажуваат покачување на овие одлики (АСПД), може да се интервенира за поголема свесност и последователна усогласеност со мерките“, објасни тимот.

Иако низ целиот свет се одржуваат протести против носењето маски, нивната ефикасност продолжува да се докажува со сè поголем број студии, вели Индипендент.

Меѓународен извештај објавен во угледното научно списание Лансет, во кој се анализирани податоците од 172 студии во 16 земји, е само еден од низата што открија дека со носење маска на лице постојат само 3 проценти шанси да се заразите со ковид-19.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе