Поради недостиг од заштитни маски

Луѓе во Кина поради коронавирусот одат со пластични шишиња на главите (ВИДЕО)

Кинеската привинција Хубеи, од која епидемијата на коронавирусот се рашири по целата земја и во странство, соопшти дека уште 25 пациенти умреле во таа провинција од последици на вирусот и извести за 840 нови заболувања.

Според најновите податоци, во Кина од коронавирусот умреле 132 лица. Во Кина има повеќе од 6.500 потврдени случаи на зараза со вирусот, со што е надминат бројот на луѓе заразени со САРС во таа земја за време на епидемијата во 2003 година.

Поради новите информации, во Кина владее вистинска паника околу ширењето на вирусот, има недостиг од заштитни маски па граѓаните се обидуваат да се заштитат на сите можни начини.

Некои на главите почнале да ставаат пластични кеси и шишиња на кои дупчат отвори за воздух.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе