Луѓе низ целиот свет оставаат цвеќе пред џамиите за жртвите во Нов Зеланд (ФОТО+ВИДЕО)

Новозеланѓаните им оддаваат почит на 50-те жртви на масакрот во Крајстчрч, каде терористот Брентот Тарант во петокот во две џамии уби педесет луѓе, а повреди четириесет.

Од листата на жртвите објавена денес се гледа дека жртвите имале од три до 77 години. Извршителот на колежот од вчера од страна на новозеландски суд е обвинет за убиствата.

Трагедијата силно го потресе Нов Зеланд, земја со пет милиони жители меѓу кои 1 отсто муслимани кои се познати како мирни граѓани, традиционално гостопримиливи, несклони на криминал, јавуваат агенциите.

Бројот на жртвите порасна од 49 на 50 по пронаоѓањето на уште едно тело кога сите тела без извлечени од џамиите Ал нур и Линвуд, соопшти полицијата.

Иако вчера речиси сите продавници беа затворени и голем број луѓе решиле да останат дома, граѓаните оставале цвеќиња во близина на џамијата Ал нур.

„Жал ми е што тука не сте безбедни. Чувствуваме болка поради вашата загуба“, може да се прочита на пораките покрај цвеќето.

Луѓето со жртвите и муслиманската заедница се солидаризираат и низ целиот свет. Цвеќиња со пораки за жртвите се оставаат пред џамиите низ светот во знак на поддршка.

Пред една џамија во Токио бил поставен знак на кој луѓето од други вери оставаат цвеќе во знак на солидарност со жртвите од Крајстчрч.

Исламската заедница на југот на Австралија објави на Фејсбук фотографии од цвеќето и пораките што им ги оставале луѓето.

„Не можеме со зборови да го опишеме ужасот кој се случи на Нов Зеланд. Згрозени сме што е Австралија вмешана. Нашите мисли се со вас во ова грозно време. Ве молиме да го прифатите ова цвеќе како знак на нашето пријателство и знајте дека се грижиме и мислиме на вас“, пишува на пораката со свеќето.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе