Лососи умираат во прегреаните реки во Америка (ВИДЕО)

Лососите во реката Колумбија биле изложени на неверојатно високи температури на водата за таа област, поради кои на телата им избиле рани. До загревањето на реката дошло по рекордниот топлински бран на северозападот на Пацификот.

Screenshot: Youtube

На снимката која во вторникот ја објави непрофитната организација Колумбија риверкипер се гледа како група лососи пливаат во притока на реката. Телата им се прекриени со повреди кои настанале како последица на стресот и прегревањето.

Снимката е направена кога температурата на водата надминала 21 Целзиусов степен, што е смртоносна температура за лососите, особено ако се изложени на неа подолг период, пренесува Гардијан.

Брет Ванден Хевел, извршниот директор на организацијата Колумбија риверкипер, кажа дека оваа ситуација може да се спореди со човек кој се обидува да трча маратон на температури повисоки од 38 Целзиусови степени.

Лососите кои се гледаат на снимката повеќе нема да може да се мрестат и веројатно ќе угинат од болести и топлотен стрес. Ванден Хевел вели дека ситуацијата со топлотниот бран ја влошиле бројните брани кои со децении ги задржуваат водените токови и со тоа ја зголемуваат температурата на водата. Климатските промени и неодамнешниот смртоносен топлотен бран едноставно ја доведле ситуацијата до крајни граници.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Youtube

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе