Лондон: Запленувањето е неприфатливо, Вашингтон: Ова е ескалирачко насилство

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, го потврди запленувањето на два брода од страна на Иран во Ормускиот теснец. Тој, исто така, рече дека Лондон се обидува да ги ослободи и повика на слобода на пловењето во теснецот.

„Јас сум исклучително загрижен поради одземањето на два брода од страна на иранските власти во Ормускиот теснец“, изјави Хант за новинарите, додавајќи дека наскоро ќе присуствува на итниот состанок на кабинетот, чија цел е да се пронајдат начини „брзо да се обезбеди ослободување на двете пловила“.

„Овие запленувања се неприфатливи. Од суштинско значење е одржување на слободата на пловењето и сите бродови да се движат безбедно и слободно во регионот“.

Хант рече дека нема британски граѓани меѓу членовите на екипажот на ниеден од бродовите. Тој, исто така, додаде дека британскиот амбасадор во Техеран веќе контактирал со иранското Министерство за надворешни работи во обид да ја реши ситуацијата, додека Велика Британија, исто така, им се обратила на други „меѓународни партнери“.

Белата куќа, пак, го осуди „ескалирачкото насилство од страна на иранскиот режим“, додека претседателот Доналд Трамп вети дека ќе разговара со Велика Британија откако иранското елитно воено крило објави дека заробиле танкер во сопственост на Британија поради наводно прекршување на правилата.

„Знаеме дека иранските сили запленија британски танкер за нафта. Ова е втор пат за само една недела Велика Британија да е цел на ескалирачко насилство од страна на иранскиот режим“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Гарет Маркиз.

Во меѓувреме, претседателот Трамп беше директно прашан да го искоментира запленувањето на британскиот танкер Стена Имперо од Исламската револуционерна гарда. Трамп одби да одговори дали тоа ја „преминало линијата“ и како ќе реагираат САД, но спомена договор со Велика Британија за поморска безбедност.

Трамп, исто така, рече дека Иран не е „ништо друго освен проблем“ и рече дека инцидентот докажува дека „тој бил во право за Иран“. Тој ги спомена и тогаш непотврдените информации за втор британски танкер што можеби е запленет.

Инцидентите следуваат по запленувањето танкер со иранска нафта од страна на британските маринци додека минувал низ Гибралтарскиот Теснец. Гибралтарската полиција соопшти дека бродот е осомничен за кршење на санкциите на ЕУ против Сирија - нешто што Техеран постојано го негираше. Инцидентот предизвика горчлив спор меѓу Велика Британија и Иран, кој безуспешно ги повикуваше Гибралтар и британските власти да го ослободат бродот.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе