Лондон ѝ порача на Европската унија: Договорот за брегзит нема да трае вечно

Британскиот министер за претприемништво Кваси Квартенг во четвртокот изјави дека Европската унија е нефлексибилна во врска со новите преговори за дел од договорот за брегзит во однос на Северна Ирска, предупредувајќи го Брисел дека не станува збор за договор што ќе трае вечно.

Фото: ЕПА

„Договорот е договор, но тоа не е нешто што ќе трае вечно“, изјави Квартенг за Скај. „Беше флексибилен и сакаме тоа да функционира поедноставно“, додаде тој.

„Членот 16... Можевме да го суспендираме, но решивме да не го правиме тоа. Ова не е нашата почетна позиција и сакаме да можеме да преговараме и да разговараме со ЕУ за тоа како најдобро да одиме напред“, истакна британскиот министер за претприемништво.

Лондон во средата побара од ЕУ да го смени протоколот за Северна Ирска само една година откако беше договорен.

ЕУ веднаш го отфрли таквото барање, велејќи дека Велика Британија треба да ги почитува меѓународните обврски. Брисел посочи на фактот дека за протоколот преговарал британскиот премиер Борис Џонсон.

Протоколот беше клучен дел од договорот за брегзит, поддржан од Џонсон. Со протоколот Северна Ирска остана дел од единствениот европски пазар за стоки, но затоа мора да се спроведуваат контроли врз стоките што го преминуваат Ирското Море.

Компаниите во Северна Ирска велат дека тоа ѝ штети на трговијата, а северноирските синдикалци протестираа против слабеењето на врските со остатокот од Велика Британија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе