Му препорачаа да ги намали редовните активности

Лончар: Вучиќ беше животно загрозен, лекарите му го спасија животот

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ има хронични, помали проблеми со срцето, но дека во петокот неговата здравствена состојба се влошила кога решил да се обрати до лекарите од ВМА, пренесе Н1.

Лончар за Танјуг изјави дека по приемот на ВМА, е проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен.

Во таа здравствена установа, медицинските екипи моментално ги спровеле сите неопходни мерки за санирање на ваквата сериозна состојба, а според Лончар, Вучиќ добро реагирал на терапијата што му е препишана.

Сепак, стручните тимови на ВМА му препорачаа на претседателот на Србија да ги намали своите редовни активности во наредниот период со цел целосно да се опорави од влошената здравствена состојба до која дошло во петокот.

„Ја користам оваа прилика лично да им се заблагодарам на медицинските тимови на ВМА, кои уште еднаш ја покажаа својата стручност и професионализам“, рече Лончар, додавајќи дека врвни лекари и медицински сестри ја потврдиле силата на една држава.

Вучиќ исто им се заблагодари на вработените во ВМА. Тој порача дека ќе биде „во целосна работен погон“ од понеделник.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе