Локалните жители ја нападнаа грчката полиција поради изградбата на нов емигрантски центар на Лезбос (ФОТО+ВИДЕО)

Грчката полиција мораше да употреби солзавец за да ги разбрка стотиците гневни локални жители кои се обидоа да ја сопрат изградбата на емигрантскиот центар на островот Лезбос. Немирите се случуваат поради сѐ поголемиот гнев околу емигрантската политика на Грција.

Околу 500 луѓе се обидоа да го блокираат истоварувањето на тешките машини и полициските засилувања на островот, на кој треба да се изгради нов емигрантски камп. Локалците запалија пожари и се судрија со интервентната полиција.

Немири избија и во пристаништето Место на Хиос, каде се истоварија полициските засилувања на пат кон Лезбос. На драматична снимка од судирите се гледа како демонстрантите ја гаѓаат полицијата со предмети, поради што бил фрлен солзавец.

Најавениот емигрантски центар ќе го замени моменталниот камп на островот – големиот, отворен објект со место за помалку од 3.000 луѓе, но во кој во моментов има 18.000 емигранти. Грчката влада ги спроведува во дело плановите за изградба на објекти за сметување на емигрантите на островите Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Лерос.

Илјадници емигранти чекаат на островите да бидат процесирани нивните барања за азил, повеќето во преполни кампови. Емигрантите на Лезбос минатата недела протестираа против лошите услови за живот, додека жителите бараат прифатните кампови да бидат затворени, јавува Ројтерс.

Жителите на Лезбос постојано протестираат против емигрантскиот камп на нивниот остров, наведувајќи ги како причини преполнетоста и безбедносните проблеми. Минатиот месец повеќето продавници и јавни служби затворија на еден ден како дел од протестот против владиниот однос кон емигрантите.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе