Локални жители во БиХ со протест сопреа изградба на мини-хидроцентрали (ВИДЕО)

Повеќе стотици локални жители во Босна и Херцеговина го попречија пристапот за тешката механизација за да го спречат почетокот на изградбата на повеќе мини хидроцентрали, во што им се придружи музичката група Дубиоза колектив и својот активистички настап го претвори во концерт.

Screenshot: Youtube

На реката Неретвица, во областа на општината Коњиц, во северниот дел на Херцеговина, Електропривреда БиХ планира да изгради 15 мини хидроцентрали, а на тоа се противат жителите на повеќе места сместени покрај реката.

Во местото Горанско Поље мештаните спречија минување на тешките машини кои со претставници на инвеститорите се обиделе да ги почнат работите.

Поддршка против изградбата на мини хидроцентралите упатија бројни домашни и странски активисти.

Иако владата на Федерацијата БиХ на крајот на минатата година усвои документ против изградбата на мини хидроцентралите, упорно продолжуваат обидите за нивна изградба.

Легенда под Главна слика

Screenshot: Youtube

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе