Локални избори во Унгарија, може ли Орбан да биде поразен по 10 години?

Унгарците денес гласаа на локални избори кои се сметаат за ретка прилика за опозицијата да ја порази владејачката десничарска партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, особено во Будимпешта, откако се здружија сили од целиот политички спектар.

Таа стратегија на опозицијата би можела да го остави Фидес без победа по речиси десет години.

Орбан ги промени изборните правила кога дојде на власт во 2010 година, отежнувајќи им на опозициските партии поединечно да се натпреваруваат против Фидес.

Главниот „фронт“ е престолнината Будимпешта, каде 44-годишинот Гергели Карачони му „дише во вратот“ на градоначалникот поддржан од Фидес Иштван Тарлош. Тарлош е на таа функција од 2010, колку што е Орбан на власт.

Карачони ја спореди изборната трка во Будимпешта со изборите за градоначалник на Истанбул во март, на кои опозицијата го порази кандидатот на партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Овие избори не можат да ја ослабат позицијата на владата, но можат да ја ослабат вербата во нејзината непобедливост“, вели аналитичарот Золтан Новак.

Локалните избори ќе бидат клучниот тест за опозициската стратегија на пружање поддршка на еден кандидат против Фидес. И во некои други големи градови исто така се води таа стратегија, која би можела да се покаже како начин да се победи Орбан на општите избори во 2022 година.

„Будимпешта има симболично значење, но подеднакво е важно да се победи во помалите средини и таму да се создаде инфраструктура, бидејќи таму во 2022 ќе се одлучува за победа или пораз“, вели за Франс прес аналитичарот Андрас Биро Нагу.

Повеќето анкети му даваа предност на Тарлош, иако последното истражување на јавното мислење кое го спроведе аналитичката група Медијан покажува дека трката би можела да биде многу тесна.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе