Лојалистите во Северна Ирска ја повлекоа поддршката за договорот од 1998

Северноирските паравоени лојалистички организации му порачаа на британскиот премиер Борис Џонсон дека привремено ја повлекуваат поддршката на мировниот договор од 1998 поради стравувањата поврзани со договорот за брегзитот, јавува Белфаст телеграф.

EPA-EFE

Главното здружение – Советот на лојалистичките заедници (ЛЦЦ), кое ги претставува забранетите групи, во писмо порача дека отпорот на унионистите на Северноирскиот протокол, дел од договорот за брегзитот, ќе остане „мирољубив и демократски“.

Северноирскиот мировен договор, потпишан на Велики петок 1998, главно го прекина тридецениското насилство меѓу националистите кои сакаат Северна Ирска да стане дел од Република Ирска и лојалистите (унионистите) кои сакаат да останат во Британија.

Паравоените групи соопштија дека ги загрижува нарушувањето во одвивањето на трговијата меѓу Британија и Северна Ирска кое се случи по стапувањето на сила на договорот за брегзит.

Но, во писмото потпишано од Дејвид Кембел, претседателот на ЛЦЦ, се истакнува дека нивното противење главно се однесува на фактот дека Британија, Ирска и ЕУ во Северноирскиот протокол ги прекршиле своите обврски кои произлегуваат од Мировниот договор од Велики петок од 1998.

„Ве молиме да не ја потценувате силата на чувствата по тоа прашање во целото унионистичко семејство“, се наведува во писмото.

Острото предупредување, иако со ветување дека нема веднаш да се свртат кон насилство, драматично го зголемува притисокот врз Џонсон, неговиот ирски колега Мајкл Мартин и ЕУ околу брегзитот.

Од стапувањето на сила на договорот за раздружување на 1.1.2020 Северна Ирска се соочува со проблем за увоз на храна од Британија, а лојалистите тврдат дека таа поделба на Обединетото Кралство е неприфатлива.

ЕУ во средата најави правна постапка откако британската влада еднострано го продолжи одложувањето на контролата на увозот на храна во Северна Ирска. Брисел тврди дека тоа претставува кршење на договорот за раздружување.

Американскиот претседател Џо Бајден во претседателската кампања го предупреди Лондон дека ќе мора да го почитува договорот од 1998 по повлекувањето од ЕУ или во спротивно нема да има посебен трговски договор со САД.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе