Логото на американските Вселенски сили личи на тоа на Ѕвездената флота од Стар трек, а има и руска врска (ФОТО)

Претседателот на САД Доналд Трамп во порака на Твитер го откри логото на шестиот род на оружените сили на Соединетите Американски Држави. Логото е во форма на стрелка насочена кон горе која се крева над планетата, а во позадина има ѕвезди.

Логото многу личи на симболот на Ѕвездената флота од серијалот Ѕвездени патеки настанат во 1966 година.

Сличноста беше повод за интересни и духовити коментари на социјалните мрежи, што најверојатно го поттикна Пентагон да објави соопштение:

„Симболот делта, главниот дел на логото, почна да се користи во американските воздушни сили уште во 1942 година и се користеше на ознаките на сите вселенски агенции од 1961 година“, или пет години пред создавањето на Ѕвездени патеки, соопшти американското министерство за одбрана.

Покрај сличноста со Ѕвездената флота, некои интернетџии навлегоа подлабоко и окрија други можни инспирации за новиот симбол, како и поврзаност со симболите на НАСА, руската вселенска агенција, како и со логото на таа на Кина.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе