Љубовните писма и грамофонски плочи на Ајнштајн на изложба во Азија

Рачно напишаните страници од теоријата за релативноста на Алберт Ајнштајн, писмата до неговите љубовници и други делови од неговата архива складирани во Ерусалим, ќе бидат изложени за прв пат во Тајван, Кина и Јапонија.

Околу 75 артефакти ќе бидат прикажани во Тајпеј, почнувајќи од петок, како дел од изложбата „Алберт Ајнштајн: Живот во четири димензии“, објави во четврток Ерусалимскиот хебрејски универзитет.

Тие ќе бидат изложени во Националната меморијална сала Чанг Кај-шек до 8 април, пред да бидат преселени во Кина и Јапонија.

Универзитетот во Ерусалим е дом на најголемата колекција на Ајнштајн во светот.

На изложбата ќе бидат прикажани „неговата Нобелова награда од 1921 година, рачно напишани страници од теоријата на релативноста, писма разменети со Сигмунд Фројд, членови на семејството и љубовниците и колекцијата на грамофонски плочи на физичарот“, велат од универзитетот.

Портпаролката на универзитетот изјави дека „речиси сѐ што е претставено е оригинално, освен лулето на Ајнштајн старо еден век, што е премногу кревко за испраќање. Испративме копија“, пренесе АФП.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе