Љубљана со револуционерна идеја за регионализација на Европа

Идејата на словенечкиот претседател Борут Пахор за регионализација на на ЕУ за љубљанско Дело ја разработи Димитриј Рупел, долгогодишен поранешен шеф на дипломатијата.

Пахор на почетокот на минатата недела во својот говор ги предупреди дипломатите на реалната перспектива за регионализација на ЕУ, според која државите членки би се групирале според своите интереси и геостратегиски планови.

Идеално би било Европа да остане „поинтегрирана и послободна“, но допрва треба да се најде заедничкиот европски идентитет, па затоа во сегашните кризи и предизвици Европа стои пред дилемата ќе се развива ли „кон потесен или полабав“ сојуз на народи, односно држава со традиционални национални апарати, тврди Рупел.

Затоа, според него, би требало да се предвиди можноста за поделба на ЕУ на помали единици, таканаречени „мегарегиони“, кои според географски или интересен принцип би ги составувале „сродни“ држави, според моделот по кој се поврзале државите од Бенелукс или Вишеградската група.

Како една од можностите ја наведува комбинацијата со формирање источен, западен, северен, јужен и централен мегарегион, како идни составни делови на сегашната ЕУ.

Рупел Словенија ја гледа во централниот мегарегион, всушност Вишеградската група проширена со Австрија и Словенија.

Во тој случај, според Рупел, Хрватска заедно со Бугарија и Романија би го сочинувале источниот мегарегион, на северот би се здружиле скандинавските и балтичките земји, а во јужниот мегарегион би биле медитеранските членки Кипар, Грција, Малта, Италија, Португалија и Шпанија.

Кога ќе дојде време, во европската источна група би се вклучиле Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Турција и Украина, наведува Рупел.

Политички и економски најсилната група би ја сочинувале членките на западниот мегарегион – Белгија, Франција, Холандија, Ирска, Луксембург и Германија.

Европа, меѓутоа, би можела регионално да биде поделена и според океаните и морињата кон кои гравитираат одделни држави, и тоа на: атлантска група, балтичко-северноморска, подунавска-црноморска и средоземна група.

„Притоа мислам на изворните европски идентитети, а не на оние кои ги внесуваат доселениците. Мислам на европските локални и национални идентитети, на идентитетите на јазичните групи, геополитичките, но и на општите европски идентитети“, истакнува Рупел во својата анализа.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе