Невреме во Словенија

Љубљана потопена: „Ова се случува еднаш во 250 години“ (ВИДЕО)

Силното невреме кое синоќа ја зафати Словенија поплави повеќе од 500 згради само во Љубљана, пишува 24ур. Дежурните служби примиле над 2.700 повици на граѓани меѓу 20 часот и полноќ.

Скриншот Јутјуб

Патиштата биле поплавени, како и подземните гаражи. Бројни автомобили се уништени, а луѓе заглавиле во автомобилите во надојдената вода.

Проблемот е што за многу кратко време паднало големо количество дожд. Во Љубљана паднале 88 литри на квадратен метар, што, според метеоролозите, „се случува еднаш во 250 години“.

Како што кажа метеорологот Рок Носан, на некои места за многу кратко време паднало поголемо количество дожд отколку што паѓа за два месеци.

Во Љубљана се поплавени над 500 објекти. Главно се поплавени станови на приземје, школи, градинки, индустриски објекти, магацини.

Бројни паркинзи, особено подземните, исто така се под вода. Со обилниот дожд дувал и силен ветар, кој туркал дрвја на улиците.

Властите соопштија дека засега нема повредени.

Метеоролозите за денес најавија помалку врнежи, а попладне и разведрување.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе