Лиз Трас е главен фаворит за нов британски премиер

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас вчера вечерта ја објави својата кандидатура за наследник на премиерот Борис Џонсон, кој оваа недела поднесе оставка поради серијата од скандали и оставка на блиски соработници.

Фото: ЕПА

„Ќе се борам на овие избори како конзервативец и ќе управувам како конзервативец“, изјави 46-годишната Лиз Трас за Дејли телеграф.

Со објавувањето на нејзината кандидатура Трас им се придружува на девет други кандидати во трката да ја предводи Конзервативната партија која е во мнозинство во Долниот дом.

Трас е висок владин функционер и се очекува да биде водечки кандидат во веќе преполната трка за функцијата. Објавувајќи ја својата кандидатура таа најави дека „ќе почне да ги намалува даноците од првиот ден“ за да помогне во справувањето со зголемените трошоци за живот.

Со нејзината кандидатура таа им се придружи на министерката за трговија Пени Мордоунт, поранешните министри за здравство Саџид Џавид и Џереми Хант, поранешниот министер за финансии Риши Сунак, неговиот наследник Надим Захави и министерот за транспорт Грант Шапс.

Свои најави за кандидатура доставија и поранешната министерка Кеми Баденоч и пратеникот Том Тугендат.

Шефицата на британската дипломатија е миленичка на Конзервативната партија и редовно беше меѓу најпопуларните политичари на партијата според анкетите на веб-страницата „Конзервативен дом“.

Лиз Трас првично се спротивстави на Брегзит, но рече дека се предомислила на референдумот во 2016 година. 

Таа сега е одговорна за односите со ЕУ во врска со трговските правила на Северна Ирска по Брегзит и зазема сè поостра линија во преговорите.

Трас во вторникот рече дека Џонсон ја има нејзината „100 процентна поддршка“ и ги повика колегите да го поддржат.

Во четвртокот премиерот попушти под зголемен притисок, а министерката коментираше дека премиерот донел правилна одлука со повлекувањето.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе