Британија ќе продолжи да ѝ помага на Украина, бидејќи безбедноста на таа земја е и наша безбедност, нагласи Трас во изјавата пред денешниот почеток на Генералното собрание на ОН.
Утре во Њујорк Трас ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден, со кого ќе разговара за воената помош за Украина.
Трас, во својата прва посета во странство по преземањето на функцијата, ќе ги повика лидерите на Генералното собрание да помогнат да ѝ се стави крај на енергетската криза во Европа, која настана откако Русија го прекина снабдувањето со гас.
Велика Британија очекува да постигне трговски договор со САД како една од најголемите награди за своето напуштање на ЕУ, но надежите за брз договор беа уништени кога администрацијата на Бајден рече дека тоа не е приоритет, пренесува Ројтерс.