Лиз Трас: Британија ќе ја преброди бурата

Штотуку ја прифатив љубезната покана на Нејзиното височество да формирам нова влада, беа воведните зборови на новоизбраната британска премиерка Лиз Трас во обраќањето до медиумите пред Даунинг стрит 10 во Лондон, седиштето на шефот на британската влада.

Фото: ЕПА
„Борис Џонсон ги оствари брегзитот, вакцината против ковид-19 и се спротивстави на руската агресија. Историјата ќе го памети како многу важен премиер. Чест ми е што ја преземам оваа одговорност во важен момент за нашата земја", рече таа.
 
Лиз Трас истакна дека она што ја прави Велика Британија голема е фундаменталната верба во слободата, претприемништвото и фер-плејот.
 
„Британската јавност покажа храброст и решителност одново и одново и сега се соочуваме со глобалните ветришта предизвикани од војната во Украина и ковид-19“, додаде таа.
 
Таа рече дека сега е време да се решат работите што ја кочат Велика Британија.
 
Вети повеќе инвестиции во изградбата на патишта и други инвестиции.
 
Таа истакна дека нејзината влада „ќе ја трансформира Британија во напредна нација со добро платени работни места, безбедни улици, каде што секој насекаде ги има можностите што ги заслужува“.
 
Таа додаде дека планира да се справи со енергетската криза за која тврди дека ја предизвикал рускиот претседател Владимир Путин.
 
Таа исто така рече дека „британското општество може заедно да ја преброди бурата и да ја обнови нашата економија за да можеме да станеме модерна, брилијантна Британија каква што знам дека можеме да бидеме“.
 
По повикот на кралицата Елизабета Втора за формирање влада, Лиз Трас стана нов британски премиер.
 
Сега ќе се соочи со голем број предизвици, вклучително и претстојната рецесија и енергетската криза што ја загрозува иднината на милиони домаќинства и бизниси.
 
Трас е четвртиот конзервативен премиер во последните шест години.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе