Литванци го тужат Горбачов поради крвавиот распад на СССР

Шест Литванци што загубиле роднини за време на репресијата на Москва при обидот на балтичката држава за независност во четвртокот поднесоа тужба против поранешниот советски лидер Михаил Горбачов.

Групата покрена правна постапка 31 година од денот од нападот во јануари 1991 година, во кој загинаа 14 цивили, а над 700 беа ранети.

Во 2019 година литванскиот суд осуди десетици функционери од советската ера за воени злосторства, но обвинителите на земјата одбија да го истражат Горбачов, кој беше на власт во тоа време.

Одбивањето ги налути оние што бараат правда за нападот, вели Москва тајмс.

Во граѓанската тужба се наведува дека Горбачов имал контрола над советската војска, но не успеал да го запре „меѓународното злосторство“ против Литванците што побарале слобода по 50 години советска окупација.

„Јасно е дека акциите на воените сили... не би биле можни без координација со Горбачов“, рече Робертас Повилаитис, кој го загубил својот татко.

Тој рече дека судењето за воени злосторства е „многу важно, но без да се земе предвид одговорноста на главниот командант, правдата не е целосна“.

Нападот на 13 јануари 1991 година врз клучните згради заштитени од десетици илјади мирни поддржувачи на независноста беше дел од неуспешните напори на Кремљ да ја принуди Литванија на покорност по нејзиното отцепување од Советскиот Сојуз во март 1990 година.

Москва ја призна Литванија како независна држава во септември 1991 година.

На повеќето од 67-те лица осудени за воени злосторства во Литванија за нападот им се судеше во отсуство, вклучувајќи го и поранешниот советски министер за одбрана Дмитриј Јазов, кој почина во 2020 година.

Додека неколку литвански функционери од советската ера беа затворени за своите постапки, други осомничени останаа недостапни во Русија и Белорусија.

Врските меѓу Русија и Литванија, земја со 2,8 милиони жители, се нарушени од независноста, особено откако балтичката држава во 2004 година се приклучи во Европската Унија и во НАТО.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе