Лирата падна на ново најниско ниво, Турција започна акциски план

Турција подготви акциски план и ќе почне да го спроведува од понеделник за да ги смири инвеститорите, изјави во неделата министерот за финансии Берат Албајрак, откако курсот на лирата во однос на американскиот долар падна на ново најниско ниво во историјата.

Во интервјуто објавено на интернет страницата на дневникот Хуријет, Албајрак рече дека слабоста на лирата е последица на „напад“, повторувајќи ја изјавата на претседателот Таип Ердоган, истакнувајќи дека е подготвен акциски план.

„Од понеделник наутро, нашите институции ќе ги преземат неопходните чекори и ќе го информираат за тоа пазарот“, рече Албајрак, но не изнесе конкретни детали во врска со планираните чекори.

Тој рече дека планот е подготвен за банките и секторот за реална економија, вклучувајќи ги и малите и средни претпријатија, кои се најмногу погодени од флуктуациите на курсот на валутата.

„Брзо ќе ги преземеме потребните чекори со нашите банки и банкарскиот регулатор“, рече тој.

Тој ги отфрли сите шпекулации дека Турција би можела да интервенира во банкарските сметки во долари, велејќи дека било какво одземање или конверзија на тие депозити во лири не доаѓа во предвид.

Во понеделникот наутро, на почетокот на тргувањето во азиско-пацифичкиот пазар, курсот на лирата падна на ново најниско ниво во историјата, повеќе од 7 лири за долар, откако во петокот лирата изгуби 16 отсто, што е најголем дневен пад од почетокот на финансиската криза во Турција во 2001 година.

Од почетокот на годината лирата во вредност изгуби повеќе од 45 отсто, воглавно поради загриженоста во врска со влијанието на Ердоган на економијата, неговите барања за пониски каматни стапки, наспроти високата инфлација, и влошувањето на односите со САД.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе