Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун пристигна во Русија за самитот со Путин (ФОТО+ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денес ја премина границата со Русија за првиот самит со Владимир Путин, сакајќи да се доближи до својот традиционален сојузник додека преговорите за нуклеарната програма на Северна Кореја со САД се во застој.

Состанокот во Владивосток во четврток ќе биде прв личен разговор на Ким со уште еден шеф на држава откако се врати од разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Ханој, кои во февруари нагло беа прекинати.

Официјалната корејска новинска агенција КЦНА претходно објави дека Ким тргнал со воз, а во негова придружба е и министерот за надворешни работи Ри Јонг Хо, кој по самитот во Виетнам на новинарите им рече дека ставот на земјата „никогаш нема да се промени“.

Приватниот оклопен воз на Ким денес ја премина реката Тумен и пристигна во рускиот пограничен град Хасан, објавија руските медиуми, каде што жените во народни носии го пречекаа традиционално со леб и сол.

Разговорите следат по постојаните покани од Путин откако Ким минатата година се впушти во дипломатски преговори.

Од март 2018 година, претходно изолираниот севернокорејски лидер одржа четири средби со кинескиот претседател Си Џинпинг, три со јужнокорејскиот Мун Џае Ин, две со Трамп и една со виетнамскиот претседател.

Аналитичарите велат дека сега тој бара поширока меѓународна поддршка во спорот со Вашингтон.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе