Лидерот на каталонските сепаратисти уапсен на Сардинија

Лидерот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон е уапсен од италијанската полиција на Сардинија, се наведува во соопштението од неговата канцеларија, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Шпанија го обвини Пучдемон, поранешен каталонски лидер, за бунт и помагање за организација на референдум за независност во 2017 година, што шпанските судови го оценија како нелегален.

Во март, Европскиот парламент му го одзеде имунитетот на Пучдемон што го уживаше како член од 2019 година. Оттогаш, Пучдемон живее во самонаметнат егзил во Белгија.

Неговата канцеларија вели дека Пучдемон во четвртокот попладне отпатувал за Алгеро, Брисел, за да учествува на меѓународната изложба Адифолк и да се сретне со регионалниот лидер на Сардинија и нејзиниот народен правобранител.

„Кога пристигна на аеродромот во Алгеро, беше спречен од италијанската гранична полиција. Утре ќе се појави пред судиите на апелациониот суд во Сасари, кои ќе одлучат дали ќе го ослободат или ќе го екстрадираат“, се вели во соопштението на канцеларијата.

Неговиот адвокат Гонзало Боје потврди на Твитер дека Пучдемон е во притвор, додавајќи дека е уапсен врз основа на европската потерница од 14 октомври 2019 година, која според „правниот императив - како што наведе Европскиот суд на правдата - е суспендирана“.

Пучдемон беше предмет на европска потерница издадена од Шпанија со која се бара негова екстрадиција поради неговата улога во обидот за независност.

Референдумот доведе до најголемата политичка криза во Шпанија во последните децении, по што каталонскиот парламент еднострано прогласи независност во октомври 2017 година, што ја натера централната влада да наметне директна власт од Мадрид, а властите започнаа со апсење на сепаратистички лидери.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе