Активирал самоубиствен елек

Лидерот на ИСИС ал-Багдади убиен во американска рација во Сирија, велат властите

Озлогласениот лидер на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади е убиен во воена операција на САД во северозападна Сирија, според висок американски функционер, пренесе Си-ен-ен. Наводно тој за време на рацијата активирал самоубиствен елек.

Конечната потврда се чека додека се во тек ДНК и биометриски анализи, рекле изворите за Си-ен-ен.

Изворите рекле дека за време на американската мисија, во која биле вклучени хеликоптери, воени авиони и беспилотни летала, американските трупи стапиле во борба со терористот. Во одреден момент, ал-Багдади го активирал својот елек, објавија повеќе светски медиуми, повикувајќи се на изворите. Подоцна во саботата, ирачката државна телевизија објави дека ќе емитува снимки од рацијата..

Рацијата била извршена од командоси за специјални операции, рекле изворите.

ЦИА помогнала во лоцирањето на водачот на ИСИС.

Њузвик прв објави дека се верува дека Багдади е убиен.

Претседателот Доналд Трамп се очекува да соопшти важна вест, објави заменик-секретарот за печат на Белата куќа, Хоган Гидли. Претставник на администрацијата за Си-ен-ен рекол дека објавата е поврзана со надворешната политика.

Пентагон не одговорил на барањето за коментар.

Трамп предизвика шпекулации кога во саботата навечер на Твитер објави дека „штотуку се случи нешто многу големо!“

Во меѓувреме, и Мазлум Абди, командант на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, објави твит за „успешната, историска операција како резултат на заедничката разузнавачка работа со САД“.

Багдади, водачот на терористичката група, во последните пет години се криеше. Во април медиумското крило на ИСИС, Ал Фуркан, објави видео во кое се појави човек што тврдеше дека е Багдади. Тоа беше првпат Багдади да биде виден од јули 2014 година, кога зборуваше во Големата џамија во Мосул.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе