Лидерот на европските конзервативци: „Европа да ги чува христијанските вредности, Турција да остане надвор“ (ВИДЕО)

Лидерот на европските козервативци и фаворит за претседателството на Европската комисија Манфред Вебер кажа дека сака Европската Унија да се заснова на христијанските вредности и дека Турција треба да остане надвор од Унијата.

„Горди сме што овој континент има христијанско влијание и тоа не е само нешто за во музеј, тоа треба да нѐ ориентира во иднина“, кажа Вебер во Мунстер, на митинг на почетокот на својата кампања за европските избори на партиите од десниот центар на власт во Германија, ЦДУ на Ангела Меркел и баварската ЦСУ чиј член е тој.

Вебер е кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија.

Според него, христијанските вредности треба да ги водат Европејците да бидат искрени во разговорите со Анкара, и затоа верува дека „Турција не треба да биде членка на ЕУ“, за што доби аплауз од своите поддржувачи.

„Ние сакаме партнерство, пријателство, но треба да ги прекинеме пристапните преговори со Турција“, кажа Вебер.

Тој треба да се обиде да одземе гласови од националистичките партии во Европа кои според анкетите ќе остварат пробив на изборите за Европскиот парламент на 26 мај.

„Европскиот проект треба да се брани од националистите и егоистите“, истакна Вебер и оцени дека Европа е соочена со историски пресврт во одбраната на европскиот начин на живот.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе