Лидерот на демократите во Сенатот: Трамп нема овластување да влезе во војна со Иран без одобрување на Конгресот

Лидерот на опозициските демократи во американскиот Сенат Чак Шумер изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп нема овластувања да влезе во војна со Иран без одобрување од Конгресот.

Шумер кажа дека Трамп требало да ги консултира лидерите на Конгресот околу акцијата на американските сили во која беше убиен иранскиот генерал Касем Сулејмани, извршена во Багдад ноќта меѓу четвртокот и петокот.

„Операцијата против Сулејмани во Ирак беше извршена без специјално одобрување или претходно известување или консултација со Конгресот. Јас сум член на Групата 8 која вообичаено се известува за операциите од вакво значење, но не бев известен“, кажа Шумер.

Тој истакна дека на Трамповата администрација „ќе ѝ биде потребно одобрување од Конгресот и американските граѓани ако планира значително зголемување на војници и потенцијални непријателства во подолг период“.

Неименувани американски функционери изјавија вчера дека Пентагон донел одлука на Блискиот Исток да испрати дополнителни 3.000 војници.

Македонија спаѓа во групата држави во кои се преземени ригорозни ограничувања на човековите права заради справување со коронавирусот. 

повеќе

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе