„Според мене, треба да се преземат подрастични мерки, како што е прогласување вонредна состојба во пограничните области и употреба на нуклеарно оружје со мала моќност“, рече Кадиров во пораката објавена на Телеграм.
Украинската војска претходно денеска соопшти дека опколила неколку илјади руски војници во Лиман во регионот Доњецк, кој во петокот беше анектиран од Русија.
Руската војска од своја страна соопшти дека се повлекува од Лиман.