Лидерот на Чеченија повика на употреба на нуклеарно оружје во Украина

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ја повика руската војска да употреби „нуклеарно оружје со мала моќност" во Украина, каде руските војници се соочуваат со тешкотии во некои делови од земјата.

Фото: ЕПА

„Според мене, треба да се преземат подрастични мерки, како што е прогласување вонредна состојба во пограничните области и употреба на нуклеарно оружје со мала моќност“, рече Кадиров во пораката објавена на Телеграм.

Украинската војска претходно денеска соопшти дека опколила неколку илјади руски војници во Лиман во регионот Доњецк, кој во петокот беше анектиран од Русија.

Руската војска од своја страна соопшти дека се повлекува од Лиман.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе