„Резултати на меѓународните извештаи“

Лидерот на албанската опозиција: Рама е најкорумпираниот политичар на Балканот (ВИДЕО)

Лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша објави видеопорака во која наведува дека „сите меѓународни извештаи покажуваат дека албанскиот премиер Еди Рама е најкорумпираниот политичар на Балканот“.

Претседателот на најголемата албанска опозициска Демократска партија го обвини албанскиот премиер дека „ја ограбува Албанија со банда олигарси“, како и за перење пари од дрога и криминал.

Истовремено тој тврди дека за време на шесте години на власта на Рама во Албанија не влегла ниту една директна странска инвестиција.

Тој порача дека странските инвестиции се обврска на секоја земја, а видеопораката ја завршува со зборовите: „Рама заминува, Албанија како Европа“.

Баша претходно најави дека обединетата албанска опозиција ќе продолжи со масовните протести во септември.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе